Во рамките на трговскиот центар во кинескиот град Вухан има футуристичко кино, во коешто како да владее состојба на неподвижен неред. Тоа изгледа како после експлозија од високобуџетен холивудски филм и токму тоа била идејата на дизајнерската фирма „Уан плас партнершип“, која стои зад овој проект.

Киното во Вухан изгледа како после експлозија од високобуџетен холивудски филм

„Нашата идеја беше кога одиш во кино, да доживееш искуство како да си на филм. Така дојдовме на идејата за експлозија. Тоа е како друг свет, слично како со филмовите. Одиш во друг свет и доживуваш нешта што ги немаш во твојот живот“, вели Вирџинија Лунг, коосновач на „Уан плас партнершип“.

Откако Кина ги надмина САД во бројот на кино-сали, па се случува да ги има пет во една улица, стана уште потешко да се привлече публика. Но, компанијата од Хонг Конг има мисија да креира незаборавни кино-искуства.

Филм може да се прикаже секаде, па внатрешниот дизајн треба да ја направи разликата. – Кино во Шангај

Во последните десет години, „Уан плас партнершип“ дизајнираше 60-ина кино-сали во Кина и Хонг Конг и целта е секогаш иста: внатрешен дизајн во којшто публиката ќе може да ужива како да е во музеј или во галерија.

„Филм може да се прикаже секаде, па внатрешниот дизајн треба да ја направи разликата. Во САД речиси сите кина изгледаат исто. Ние сакаме да создадеме поинаква атмосфера за публиката“, додава Лунг.

Метеорски дожд, филмски сет или нешто апстрактно, Лунг на своите дизајни гледа како на уметнички дела, па понекогаш додаваат и вистински повеќенаменски скулптури.

Во последните десет години, „Уан плас партнершип“ дизајнираше 60-ина кино-сали во Кина и Хонг Конг