ХИП ХОП ПРЕТСТАВАТА „ЦРНИЛА РЕМИКС“ ЌЕ СЕ ИЗВЕДЕ НА „ЕГЗИТ“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Црнила ремикс“, драмско-музичкиот проект на Јордан Симонов, ќе биде дел од годинашниот фестивал „Егзит“ во Нови Сад. Првата и единствена хип хоп претстава во регионот, која е еден нов поглед на класичната драма на Коле Чашуле, ќе се изведе на фјужн бината „Адико“, на која ќе настапат и познати музички имиња, како Тарја Турунен, „Атеист рап“, „Свемирко“, „Бед копи“ и легендарниот Звонко Богдан.

Комбинирајќи драма и хип хоп, „Црнила ремикс“ е направена според идеја на Јордан Симонов, кој е и режисер, додека зад музиката стои дуото од групата „Зад аголот“, Дарко Димитриески и Павле Димковски.

Во претставата играат Стефан Вујисиќ, Александар Михајловски-Хонда, Владимир Петровиќ, Горан Ников, Ненад Анѓелковиќ, Сања Арсовска и Павле Димковски.

Годинашото издание на еден од најголемите музички настани во Европа ќе се одржи од 4 до 7 јули.