Холивудскиот актер Хју Џекман ќе оди на светска турнеја на која ќе изведува песни од филмот „Величествениот шоумен“.
Џекман исто така ќе изведува песни од филмот „Клетници“ и од други мјузикли од Бродвеј, во придружба на оркестар.
„Величествениот шоумен“ стана светски феномен, со песните кои срушија рекорди на светските листи, и покрај лошите критики за филмот.
Турнејата е насловена „Човек. Музика. Шоу“, ќе се одвива следната година во Велика Британија, Канада и во САД, а билетите ќе се продаваат од 7 декември.
Џекман доби Златен глобус и номинација за Оскар за улогата во филмската верзија на мјузиклот „Клетници“, а за ликот на П. Т. Барнум во „Величествениот шоумен“ беше номиран за Златен глобус.