ИЛОН МАСК ДОБИ СИН СО ПЕЈАЧКАТА ГРАЈМС И ГО КРСТИ „X Æ A-12“

Њујорк, (Дејли мејл)

Илон Маск и неговата девојка Грајмс добија син.

Маск ја објави веста на Твитер, каде што прво напиша дека тоа треба да се случи за неколку часа, а потоа дека бебето и мајката се добро. Маск на крајот потврди дека му се родил син и ги објави првите фотографии од бебето.

На прашањето од фановите како ќе се вика бебето, Маск одговори: „X Æ A-12 Musk“.

Канадската пејачка и милијардерот се во врска од мај 2018 година, а се запознале на Твитер.

Маск (48) има пет деца (близнаци и тројка) од бракот со канадската писателка Џастин Вилсон, од која се раздели во 2008 година и потоа беше во врска со актерките Талула Рајли и Амбер Хрд.