Илон Маск и Шивон Зилис го добија своето четврто заедничко дете. Зилис ја објави новоста на Икс во објава во која напиша дека таа и Маск (53) станале родители на вториот син, Селдон Ликургус.
Основачот на „Тесла“ и Зилис во ноември 2021 открија дека тајно им се родиле близнаците, синот Страјдер и ќерката Азура. Близнаците се родени само неколку недели пред тој и неговата поранешна партнерка, пејачката Клер Бушер, позната како Грајмс да добијат девојче, Екса Дарк Сидерел, преку сурогат, според судските документи објавени од “Инсајдер“ во јули во 2021.
Помалку од три години подоцна, на 28 февруари 2024 година, двојката го доби своето трето заедничко дете, Аркадија.
Грајмс и Маск имаат три деца, меѓу кои и синот X Æ A-12, ќерката Екса Дарк Сидерел, и синот Техно Механикус.
Веста за 14-тото дете на Маск следи по објавувањето на писателката Ешли Сент Клер на 14 февруари дека таа и Маск го дочекале неговото тринаесетто дете пред пет месеци, син по име R.S.C.