ИЛОН МАСК И ГРАЈМС ГО ОБЈАСНИЈА ЗНАЧЕЊЕТО НА ИМЕТО НА НИВНИОТ СИН X Æ A-12

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Илон Маск и неговата девојка Грајмс потврдија дека нивниот новороден син навистина ќе се вика X Æ A-12.

Многумина помислија дека Маск се шегува кога на Твитер го откри името на бебето откако тоа се роди вчера, но Грајмс сега даде целосно објаснување за неговото значење.

„X е за непозната променлива, Æ е мојот елфски изговор на АИ (љубов и/или вештачка интелигенција), а А-12 е претходникот на СР-17, нашиот омилен авион, одличен во битка, но ненасилен“, напиша канадската пејачка на Твитер.

Останува нејасно како името се изговара и дали воопшто е легално. Се верува дека Грајмс се породила во Калифорнија, а таму некои имиња не можат да се регистрираат. Ова е случај и во други држави.

Нов Зеланд не дозволува името да почнува со бројка, додека на една двојка во Шведска не ѝ беше дозволено бебето да го крсти Металика.