Илон Маск и неговата партнерка Грајмс биле принудени да го променат името на својот новороден син за да биде во согласност со законите на Калифорнија. Двојката го доби првото дете овој месец и потоа го зачуди светот давајќи му крајно необично име, невозможно за изговор.
Грајмс на Инстаграм објави дека досегашното име X Æ A-12 е променето во X Æ A-Xii.
„Римските бројки изгледаат подобро, да бидеме искрени“, појасни канадската пејачка.
Според законите на Калифорнија, имињата смеат да ги содржат само 26-те букви од англиската азбука.
Маск има пет деца од претходниот брак, кои имаат (по)нормални имиња (Грифин, Ксевиер, Дамијан, Саксон и Кај). Тој кажа дека Грајмс е заслужна за креативното име на бебето.
„Таа е одлична кога станува збор за имиња“, изјави Маск.