ИРСКИОТ ПРЕМИЕР ЌЕ РАБОТИ И КАКО ЛЕКАР ДОДЕКА ТРАЕ ПАНДЕМИЈАТА

Даблин, (Гардијан)

Ирскиот премиер Лео Варадкар еден ден во неделата ќе работи како лекар додека трае пандемијата на коронавирусот и за таа цел, повторно ги активирал своите лекарски акредитиви. Тој ги понудил своите услуги на Националната здравствена служба во областите кои се во рамките на неговата стручност.

„Д-р Варадкар минатиот месец повторно се вклучи во регистарот на лекари. Многумина негови роднини и пријатели се здравствени работници и тој сакаше да помогне макар малку“, изјави неговиот портпарол.

Варадкар, кој е син на лекар и медицинска сестра, ја напушти медицината во 2013, една година пред да биде назначен за министер за здравство. Неговиот партнер, пак, е кардиолог.

Илјадници здравствени работници и студенти по медицина одговориле на повикот на Националната здравствена служба да се стават на располагање на Ирска додека трае кризата, од кои некои биле во пензија или се вратиле од странство.