ИЗЛОЖБА НА КЕРАМИКИ НА ФИЛИП ФИДАНОВСКИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Утре (25 октомври) од 20 часот, во Музејот на Град Скопје ќе се отвори изложба на керамики од Филип Фидановски со наслов „Пикасо можеби јас 2“.

На изложбата ќе бидат претставени 17 дела изработени во керамика, насликани со енгоба, глазура и 18-каратно злато за керамика и порцелан. Ќе ја отвори Рафаел Соријано Ортис, амбасадорот на Шпанија. Куратор е проф. д-р Кирил Пенушлиски. Изложбата е отворена до 5 ноември.

Филип Фидановски од 1995 до денес одржал 28 самостојни изложби. Професор е по дизајн на керамика и технологија на керамика во уметничкото училиште во Скопје.