Вечерва (20 јули) од 19 часот, во селото Смилево кое се наоѓа помеѓу Битола и Демир Хисар ќе се одржи настанот „Патувачко кино МакеДокс“.
Најавена е изложба на алтернативни фотографии „Улишта“ на Миша Кескенови од Сежана, Словенија и изложба на алтернативни фотографии на фото клубот Ирис од Темишвар, Романија.
Ќе се одржи и проекција на отворено на филмот „Манаки-приказна во слики“ на Роберт Јанкулоски, која е дел од програмата на „Патувачкото кино на МакеДокс“. На крајот, ќе свири камерниот концерт на „Сиот тој џез“ во смилевската кооперација.