КАЈЛИ ЏЕНЕР ОБЈАВИ КАКО Ѝ СЕ ВИКА ЌЕРКАТА И СТАНА НОВА КРАЛИЦА НА ИНСТАГРАМ

Лос Анџелес, (АП)

Кајли Џенер објави како ѝ се вика ќеркичката и експресно стана нова кралица на Инстаграм.

Дваесетгодишната манекенка и реалити-ѕвезда се породи на 1 февруари и нејзиниот пост стана најпопуларен на оваа социјална мрежа, надминувајќи ја минатогодишната објава на Бијонсе дека е трудна.

Џенер објави фотографија од рачето на ќерката, под која само стоеше нејзиното име Сторми Вебстер. Постот собра 13,7 милиони лајкови до средата вечер, 2,5 милиони повеќе од сликата на бремената Бијонсе.

Сторми е првото дете за Кајли Џенер и за нејзиното момче, раперот Тревис Скот.

Кајли е помладата полусестра на Ким, Кортни и Клое Кардашијан и спротивно на медиумската експонираност на целото семејство, таа успешно криеше од јавноста дека е бремена.