КАНЈЕ ВЕСТ ОСВОИ 60.000 ГЛАСОВИ НА ИЗБОРИТЕ ВО САД И НАЈАВИ НОВ ОБИД ЗА ЧЕТИРИ ГОДИНИ

Њујорк, (АП)

Претседателската трка во САД секогаш се сведува на Демократите и Републиканците, па се заборава дека има и други кандидати. Меѓу нив оваа година имаше едно навистина звучно име, меѓутоа кандидатурата на Канје Вест за Белата куќа не беше така успешна како неговата музичка кариера.

Неговото име се најде на гласачкото ливче во 12 сојузни држави, каде што вкупно освои 60.761 глас. Најдобро помина во Тенеси, каде што собра 10.216 гласови.

Раперот ја лансираше својата кампања во јули, но не успеа да се протне на гласачкото ливче во неколку сојузни држави.

„Мојот глас го дадов за некого на кого вистински му верувам – јас“, изјави Вест и побара поддршка од гласачите за повторна кандидатура во 2024 година.