КЕЈТ И МЕГАН ИЗЛЕГОА БЕЗ СВОИТЕ ПРИНЦОВИ НА ВИМБЛДОН

Лондон, (Пипл)

Кејт Мидлтон и Меган Маркл за првпат беа видени сами заедно во јавност, откако дојдоа на завршницата на Вимблдон.

Без Вилијам и Хари покрај себе, тие од кралската ложа прво го проследија епскиот полуфинален дуел Ѓоковиќ-Надал, по што продолжија на женското финале помеѓу Ангелика Кербер и Серена Вилијамс, која е добра пријателка со Меган.

Првпат на јавен настан без Вилијам и Хари (Фото: Гети)

Војвотките од Кембриџ и Сасекс избраа едноставна, но елегантна летна гардероба за ден на Вимблдон, при што Меган носеше кошула и панталони од „Ролф Лорен“, минимален накит и чанта од „Живанши“.

„Вимблдон е суштински дел на англиското лето. Моите први сеќавања оттука се мечеви на Агаси, Сампрас, Иванишевиќ и Граф“, кажа Кејт Мидлтон, која и самата знае да заигра тенис.

Пред мечот, тие се дружеа со поранешни шампиони и со собирачите на топки, кои за Вимблдон се селектираат со месеци.

Меган и Серена првпат се запознаа не на тениски настан, туку на фудбалски спектакл, Супербоулот во Мајами во 2010 година и оттогаш често се дружат.