Кејти Пери и Орландо Блум велат дека нивната врска е посериозна од кога било, откако беа видени заедно во Рим, каде што, меѓу другото, се запознаа и со папата Фрањо.
Поп-ѕвездата беше еден од говорниците на конференција на тема лек за рак, што се одржа во Ватикан, па според протоколот, и таа и Блум беа облечени целосно во црно. Пери на Инстаграм претходно најави дека друштво ќе ѝ прават мајка ѝ, менаџерот и нејзиниот „драги“, Блум.
Пери и Блум беа во врска повеќе од една година, пред да се разделат во март 2017 година. Тие сега признаа дека си недостигале еден на друг.
„Орландо и Кејти се супер. Тие се повторно заедно и работите изгледаат многу посериозно. На Орландо му здодеа да води живот како сингл и повторно сакаше да се врзе за една жена, место да влегува од врска во врска. Двајцата се возбудени што повторно се заедно и не сакаат да се кријат, но, сепак, сакаат да си ја чуваат приватноста“, изјави извор за магазинот „Пипл“.
Викендот во Рим уследи само една недела, откако Пери навести дека е повторно со австралискиот актер, додавајќи дека е „многу среќна“.