Единаесетгодишната ќерка на Ентони Бурден настапи на концерт само два дена по неговата смрт.
Поранешната сопруга на Бурден, Отавија Бусија, објави фотографија на Инстаграм од настапот на нивната ќерка Аријане на училиштен концерт во Њујорк, што се одржал вчера.
„Нашето девојче денеска имаше концерт. Беше неверојатна, силна и многу храбра. Таа носеше чизми што ти ѝ ги купи. Се надевам дека имаш убаво патување“, напиша Бусија под фотографијата, на крајот обраќајќи му се на Бурден.
Бурден и Бусија се венчаа неколку месеци пред раѓањето на Аријане во 2007 година, но се разделија пред две години.
Славниот готвач и патописец беше пронајден мртов во петокот во хотелска соба во Франција и властите потврдија дека станува збор за самоубиство со бесење.