ЌЕРКАТА НА ХАРИ И МЕГАН Е КРСТЕНА ПО ПРЕКАРОТ ШТО КРАЛИЦАТА ГО ДОБИЛА КАКО МАЛА

Санта Барбара, (Би-Би-Си)

Второто бебе на војводата и војвотката од Сасекс и официјално пристигна: Лилибет Дијана се роди во петокот во Санта Барбара. Портпаролот на двојката го појасни значењето на двете имиња.

„Лилибет е прекарот на кралицата Елизабета Втора, а средното име Дијана е избрано во чест на нејзината омилена покојна баба, принцезата од Велс“, кажа портпаролот, додавајќи дека бебето веќе пристигнало дома.

Кралицата го добила овој прекар уште кога била мала, зашто не можела правилно да си го изговори името. Познато е дека нејзиниот покоен сопруг Филип приватно ја викал Лилибет.

Лилибет Дијана е 11. правнука на Елизабета Втора и осма во редот за наследство на тронот.

„На 4 јуни бевме благословени со доаѓањето на нашата ќеркичка Лили. Таа е многу повеќе од она што можевме да го замислиме и многу сме благодарни за љубовта и молитвите што ги почувствувавме од цел свет“, соопштија Хари и Меган.

Тие се венчаа во мај 2018, а точно една година подоцна им се роди синот Арчи. Лани во март се откажаа од кралските задолженија и денес живеат во Калифорнија. Како и Арчи, и Лилибет нема да има кралска титула и нема да ја ословуваат со принцеза или нејзино височество, но ќе има право да биде американска претседателка.