Архитектонското студио „ХАЛ“ проектираше проѕирен базен на висина од 35 метри меѓу две згради во Батерси, Лондон. Именуван „Небесен базен“, тој беше отворен деновиве. Долг е 25 метри и направен е од проѕирни панели, овозможувајќи им на пливачите да гледаат надолу.

Проектот предизвика контроверзи, бидејќи не е достапен на сите станари во комплексот „Ембаси гарден“.

Коментаторот за архитектура на „Фајненшл тајмс“ го нарече базенот „катастрофа која веќе се случи“, а „Гардијан“ вели:

„Да се потсетиме дека некои станари кои од прозорец гледаат во базенот немаат пристап до него“.

Базенот се наоѓа на 10. спрат од двете згради. Долното стакло е 360 милиметри дебело, додека ѕидовите имаат 180 милиметри.