Ким Кардашијан и Канје Вест објавија дека добија трето дете, и тоа преку сурогат мајка.
Тие во исто време не кажаа како ќе се вика девојчето, родено вчера.
„Канје и јас сме пресреќни што можеме да го објавиме доаѓањето на нашето здраво, прекрасно девојченце. Многу сме ѝ благодарни на сурогат мајката, која ни овозможи да ги оствариме нашите сништа. Норт и Сент се многу возбудени што добија сестричка“, објави Ким Кардашијан на својот сајт.
Двајцата се решија да користат сурогат мајка поради состојба која предизвика компликации при раѓањето на нивното второ дете, Сент.
„Сите кои мислат дека ова е полесниот начин, не се во право. Мислам дека вака е и потешко, затоа што немаш целосна контрола врз ситуацијата“, кажа Кардашијан во едно интервју минатата година.