КИТ РИЧАРДС СЕ ОТКАЖАЛ ОД ПИЕЊЕТО НА 75 ГОДИНИ – БЕШЕ КРАЈНО ВРЕМЕ ДА ПРЕКИНАМ

Лондон, (НМЕ)

Гитаристот на „Ролинг стоунс“, Кит Ричардс, откри дека значително намалил со пиењето, додавајќи дека му е време да се откаже целосно.

По децении и децении разуздан живот, Ричардс, кој на 18 декември ќе наполни 75 години, вели дека почнал да се прилагодува на нов начин на живеење.

„Веќе една година намалувам со пиењето и се движам кон тоа целосно да го откажам. Се заситив. Одвреме-навреме знам да се напијам чаша вино или пиво, но време е да направам промена“, изјави Ричардс во интервјуто за „Ролинг стоун“.

Тој вели дека му е интересно да свири трезен.

„Сега многу посовесно ги свириме гитарските делови со Рон Вуд. Ние сме 70-годишници, но сѐ уште растураме како да ни е 40“, додаде тој.