ПАМЕЛА АНДЕРСОН ГИ ПРЕДВОДЕШЕ ЗГОДНИТЕ ДЕВОЈКИ КОИ НАВИВАА ЗА НОВИТЕ СВЕТСКИ ПРВАЦИ ОД ТРИБИНИТЕ

Москва, (Сан)

Памела Андерсон ја предводеше прославата на сопругите и девојките на француските репрезентативци, кои вчера го донесоа пехарот наменет за светскиот првак во Париз, кадешто беа поздравени од два милиони луѓе.

Памела Андерсон е една година во врска со Адил Рами (Фото: Гети)

„Ова е голем ден, многу сум возбудена“, напиша Андерсон на Инстаграм, додавајќи ја бројката 17.

Таа се однесуваше на 32-годишниот дефанзивец Адил Рами, со кого иконата на „Плејбој“ е во врска една година.

Алисија Ејлиз – девојката на Килијан Мбапе и мис Франција за минатата година

Памела и останатите поубави половини на најдобрите француски фудбалери не останаа разочарани по неделното финале со Хрватска, откако „сините“ по вторпат станаа светски шампиони.

Алисија Ејлиз, девојката на Килијан Мбапе и ланска мис Франција, објави видео како лудо прославува, додека за капитенот Уго Лорис навиваа сопругата Марин и двете деца. Госпоѓа Лорис има две дипломи и сопствен бизнис за детска облека.

Пол Погба беше бодрен од девојка му Марија Салауес, која има потекло од Боливија и таа гордо го покажуваше она што личеше на свршенички прстен.

Ерика Чоперена, сопругата на Антоан Гризман (Фото: АФП)
Марија Салауес, свршеницата на Пол Погба / Шарлот Пирони, девојката на Флоријан Тован (Фото: Гети)