КОЛИН ФАРЕЛ ПОРАДИ 20-ГОДИШНИОТ СИН СО РЕТКА БОЛЕСТ ОСНОВА ФОНДАЦИЈА ЗА ПОМОШ НА МЛАДИ ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

Лос Анџелес, (Си-Ен-Ен)

Актерот Колин Фарел основаше фондација со неговото име која ќе обезбедува поддршка на семејствата кои имаат возрасни деца со ментални попречености, во чест на неговиот 20-годишен син Џејмс, кој има Ангелманов синдром, ретко неврогенетско заболување.

Болеста му била дијагностицирана на рана возраст. Тој не зборува и му е потребна постојана грижа. 48-годишниот Фарел првпат проговори за синот во интервјуто за списанието „Пипл“.

Фондацијата особено ќе им помага на оние лица со потреби кои не добиваат помош и поддршка од општеството, односно ќе им се овозоможи адвокатска помош, образование и иновативни програми.

„Кога детето ќе ви наполни 21 година, оставени сте сами на себе. Исчезнуваат сите мерки, сите обуки. Останувате со млада возрасна личност која треба да биде интегриран дел од нашето модерно општество“, изјави ирскиот актер.

(Фото: Пипл)