Изложба за австралискиот музичар Ник Кејв е отворена во Копенхаген и ги слави неговиот живот и петте децении уметничко творештво. Насловена „Stranger Than Kindness“, таа требаше да биде отворена во Кралската библиотека уште на 23 март, но беше одложена поради пандемијата на коронавирусот.

Освен што на фановите им дава увид во креативниот ум на Кејв, таа ја допира и трагичната смрт на неговиот син пред пет години. Изложбата содржи реплика на домашната канцеларија на 63-годишниот Кејв, каде што тој го пишува поголемиот дел од својата музика.
„Ги имавме сите овие работи и така почнавме да ја составуваме идејата за изложба“, изјави Кејв.

Изложбата содржи околу 300 предмети, од кои, како што кажа Кејв, некои биле складирани 20 години, но и соба посветена на неговиот 15-годишен син Артур, кој загина при пад од карпа. Собата е во темница и содржи само фотографија на Кејв и неговата сопруга Сјузи Блек.
„Сѐ се врти околу креативноста и потоа се случува ваква несреќа и сѐ се менува“, изјави Кејв, кој нема зборувано во јавност цели пет години.