„КРАЛОТ НА ТИГРИТЕ“ ЏО ЕГЗОТИК ПОБАРА ДА ГО ПУШТАТ ОД ЗАТВОР ЗАШТО БОЛЕДУВА ОД РАК

Њујорк, (Би-Би-Си)

„Кралот на тигрите“ Џо Егзотик, кој го прослави истоимената документарна серија на „Нетфликс“, побара да биде ослободен од затвор бидејќи боледува од агресивна форма на рак на простата.

Тој моментално служи 22-месечна затворска казна за злоставување животни и за планирање на убиството на Керол Баскин. Добар дел од серијата „Кралот на тигрите“ се фокусира токму на ривалството со Баскин, која упорно се обидуваше да го затвори неговото засолниште за диви животни.

Барајќи од светот да биде неговиот глас, Егзотик, чие вистинско име е Џозеф Малдонадо-Песиџ, напиша во писмото дека е невин и дека сака да го помине остатокот од животот со најблиските.

„Не барам од никого да ме сожалува“, вели тој.

Дијагнозата на Егзотик ја потврди и неговиот адвокат Џон Филипс, додавајќи дека е неопходно да биде пуштен на слобода.

„Нетфликс“ објави дека ќе снима втора сезона на „Кралот на тигрите“, додека „Амазон“ најави играна серија со Николас Кејџ во главната улога.