Крис Такер беше еден од омилените американски комичари и еден од најплатените актери во Холивуд кога се повлече од глумата, зашто, како што сега призна, тоа не му било доволно. Сега 51-годишен, Такер го сними првиот филм по седум години пауза и воопшто само трет филм од третиот дел на „Брканица“ (Rush Hour) од 2007.
Такер се враќа во Холивуд со новиот филм на тандемот Бен Афлек-Мет Дејмон, „Air“, кој ја раскажува приказната за заедничкиот бизнис на Мајкл Џордан и „Најки“.
„Тие дојдоа кај мене и ме добија“, кажа Такер.
Тој исчезна од Холивуд кога беше на врвот на славата, откако трилогијата „Брканица“ му донесе заработка од 48 милиони долари. Такер објаснува дека успехот и парите не му биле доволни за да го задржат во Холивуд.
„Се повлеков во моментот кога бев најплатениот актер во Холивуд. Тоа беше плафон, а јас сакав повеќе. Тоа не ми беше доволно. Затоа се повлеков и решив малку да живеам, да патувам по светот и да вршам хуманитарна работа, што навистина ми ја прошири перспективата за светот. Не ми беше важно да бидам најголемиот актер и комичар на светот, туку да бидам некој кој ќе му даде нешто на светот“, кажа Такер.
Сега кога паузата е завршена, Такер го најавува и враќањето во серијалот „Брканица“, на чиј четврти дел веќе се работи.