КРИСТЕН СТЈУАРТ СЕ ВЕНЧАШЕ СО ПАРТНЕРКАТА ДИЛАН МЕЈЕР

Лос Анџелес, (ТМЗ)

Ѕвездата на серијалот „Самрак“, 35-годишната актерка Кристен Стјуарт, се венчаше со партнерката Дилан Мејер во Лос Анџелес. Според сајтот „ТМЗ“, двојката се венчала на интимна церемнонија во мексикански ресторан.

(Фото: ТМЗ)

Стјуарт и Мејер ја објавија врската во октомври 2019, а се свршија во 2021. Лани во интервју, Стјуарт кажа дека 37-годишната Мејер, која е ќерка на сценаристот Николас Мејер, ја побарала за сопруга.

(Фото: Гети)