Леброн Џејмс наполни 40 години и по тој повод изјави дека се надева дека ќе ја заврши својата историска кариера во дресот на Лос Анџелес Лејкерс.
„Тоа е планот. Би сакал да го видам крајот тука. Дојдов тука со цел да ја одиграм последната етапа од кариерата“, кажа Џејмс за тимот во кој премина во 2018.
Запрашан кога би знаел дека дошло време за повлекување, Џејмс кажа дека тоа би мижело да се случи пред да сфати дека веќе не може да игра на високо ниво.
„Ако сакам, веројатно би можел да играм на високо ниво уште пет до седум години, но нема да го направам тоа“, рече тој.
„Кралот Џејмс“ има освоено четири НБА титули, четирипати беше МВП на лигата, 20 пати играше на Ол-стар мечевите и трипати беше олимписки првак со САД. Во февруари 2023 го надмина Карим Абдул-Џабар и стана најдобриот стрелец во историјата на НБА лигата и оваа сезона дочека да заигра во тандем со својот син Брони.
Тој продолжува да блеска и во својата 22. НБА сезона, забележувајќи просек од 23,5 поени, 7,3 скока и девет асистенции по натпревар.
(Фото: АП)