ЛЕБРОН ЏЕЈМС СТАНА ПРВИОТ НБА-ИГРАЧ КОЈ ПОСТИГНАЛ 50.000 ПОЕНИ

Лос Анџелес, (АП)

Леброн Џејмс стана првиот НБА-играч во историјата која постигнал 50.000 поени, надминувајќи ја магичната граница со тројка во првата четвртина од дуелот на неговиот Лос Анџелес Лејкерс со Њу Орлеанс Пеликанс. Четириесетгодишниот Џејмс го заврши мечот со 34 постигнати коша.

Тоа се навистина многу поени. Првата работа што ми паѓа на памет е од каде доаѓам. Почнав да играм како мало дете, надевајќи се дека еден ден ќе можам да играм на највисокото ниво. Така што, ова дефинитивно е чест и кул да се види“, изјави Џејмс, кој ја игра својата 22. сезона.

Четирикратниот шампион веќе е најдобриот стрелец во НБА-историјата и во регуларниот дел и во плеј-офот. Далеку на второто место на вечната листа е Карим Абдул-Џабар со 44.149 поени од 20 одиграни сезони. Џејмс го надмина Џабар во февруари 2023.

(Фото: АП)