ЛЕГЕНДАРЕН ТЕХНО КЛУБ ВО БЕРЛИН ПРЕНАМЕНЕТ ВО ГАЛЕРИЈА ПОРАДИ КОРОНАКРИЗАТА

Берлин, (Дојче веле)

Светски познатиот техно клуб во Берлин „Бергхајн“ престана да работи поради коронакризата и стана ликовна галерија.

Клубот, кој зафаќа површина од 3.500 квадратни метри, се затвори во април, а од денеска, заинтересираните можат онлајн да купат билети за изложба на современа уметност, која ќе се одржи во неговите испразнети сали.

Пандемијата на ковид-19 влијаеше врз ноќниот живот низ целиот свет, но и на уметноста, при што се откажани низа изложби, саеми и фестивали. Уметничката фондација „Борос“ и „Бергхајн“ најдоа иновативен начин за повторно да се отворат вратите на клубот и тој да стане сцена за уметниците од Берлин.

Групната изложба „Студио Берлин“ содржи фотографии, скулптури, слики, цртежи и инсталации од 115 уметници, повеќето од нив создадени во услови на карантин во изминативе месеци.