КАРДАШИЈАНИ НАЈАВИЈА КРАЈ НА НИВНОТО РЕАЛНО ШОУ

Лос Анџелес, (АП)

По повеќе од една деценија, реалното ТВ-шоу на семејството Кардашијан следната година ќе престане со емитување.

„Со тешко срце ќе мора да ви кажеме збогум. Заедно како семејство ја донесовме одлуката да ставиме крај на ова посебно патување“, стои во изјавата на Ким Кардашијан-Вест и останатите членови на семејството Кардашијан-Џенер.

ТВ-шоуто „Keeping Up With the Kardashians“ стана сензација и им донесе светска слава на сите членови на семејството, а некои лансираа успешни бизниси со мода и козметика. Тоа имаше премиера во октомври 2007 година и од него произлегоа уште 12 придружни серии.