Легендата на „Ѕвездени патеки“, Вилијам Шатнер, ќе оди на вистинско патување во вселената. Компанијата на Џеф Безос, „Блу ориџин“, потврди дека 90-годишниот Шатнер ќе биде на нејзиниот следен лет до работ на вселената на 12 октомври. Тој ќе стане најстарата личност која била во вселената.
„Сум слушнал за вселената многу одамна и ќе ја искористам оваа можност да ја видам во живо. Какво чудо“, изјави Шатнер.
Тој ќе се придружи на тројца други патници во ракетата „њу шепард“.
„Блу ориџин“ го изведе првиот комерцијален лет во вселената во јули, кога меѓу патниците беше 82-годишна несудена астронаутка. Вториот лет треба да трае околу десет минути и да ги однесе патниците над линијата Карман, која се наоѓа 100 километри над површината на Земјата и се смета за границата на вселената.
Шатнер го играше капетанот Џејмс Т. Кирк во оригиналната серија „Ѕвездени патеки“ во 1960-ите и потоа ја повтори улогата во седум филмови.