Ѕвездата на „Розен“ Лори Меткалф, која годинава беше и номинирана за Оскар за „Леди Бирд“, и Џон Литгоу од „Третиот камен од сонцето“ ќе ги глумат Хилари Клинтон и поранешниот американски претседател Бил Клинтон во нова претстава на Бродвеј.
Премиерата на „Хилари и Клинтон“ од Лукас Хнат се најавува за пролет 2019 година. Дејството се случува во Њу Хемпшир на почетокот на 2008 година, кога Хилари се обидува да ја спаси нејзината турбулентна кампања за претседателка на САД. Во исто време, Бил Клинтон има свои идеи на кој начин треба да биде вклучен во кампањата.