МАДОНА ВЕЛИ ДЕКА Е СРЕЌНА ШТО Е ЖИВА, ПЛАНИРА ДА ЈА ПОЧНЕ ТУРНЕЈАТА ВО ОКТОМВРИ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Мадона им се заблагодари на семејството и пријателите за поддршката и кажа дека е среќна што е жива откако беше хоспитализирана поради сериозна бактериска инфекција. Таа даде нова информација за својата здравствена состојба откако по излегувањето од болница само кажа дека е во фаза на заздравување.

Мадона требаше да почне седуммесечна светска турнеја во следните недели, но мораше да ја откаже откако помина неколку дена на интензивна нега.

„Љубовта на семејството и пријателите е најдобриот лек. Кога бев во многу лоша состојба, моите деца беа тука за мене и покажаа страна што не сум ја видела досега“, напиша 64-годишната Мадона на Инстаграм.

Мадона кажа дека планира да ги презакаже планираните концерти во Северна Америка, а со настапите би почнала на 14 октомври во Лондон. Со турнејата „Прослава“ таа сака да одбележи 40 години во музичката индустрија.

(Фото: АП)