Шарлиз Терон откри дека долги години консумирала марихуана, па затоа не ѝ било проблем да се внесе во улогата во својот најнов филм „Гринго“, во кој се зборува за оваа тема.
Промовирајќи ја црната комедија во шоуто на Џими Кимел, Терон кажа дека со помош на марихуана заедно со мајка ѝ Герда го решаваат проблемот со спиење, но не очекувала дека таа ќе биде онаа која ќе купува.
„Јас сум секогаш подготвена да пробувам нови работи, еднаш се живее, нели? Јас и мајка ми имаме голем проблем со спиењето. Користевме лекови, па предложив да пробаме со билни алтернативи. Еден ден дојде кај мене дома со еден куп производи со различни вкусови. Дури по некое време сфатив дека ги купила во продавница за марихуана. Не можев да ја замислам како таква личност, но ова функционира, неверојатно е. Но, не можете да го добиете мојот дилер, таа е само моја“, се пошегува Терон.
Таа додаде дека пред неколку години престанала да пуши марихуана.
„Осум добри години редовно консумирав, но еден ден сѐ се смени, кога се фатив како стојам како замрзната пред фрижидер осум часа и веќе не ми беше забавно. Ова сега е нешто друго“.