МАНИ ПАКЈАО СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД БОКСОТ И СЕ КАНДИДИРА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ФИЛИПИНИ

Манила, (Би-Би-Си)

Боксерската легенда Мани Пакјао објави дека се повлекува од спортот со цел да се фокусира на политичката кариера. Светскиот првак во повеќе категории веќе најави дека ќе се кандидира за претседател на Филипини на изборите што ќе се одржат догодина.

Четириесет и двегодишниот Пакјао ја имаше последната борба минатиот месец во Лас Вегас.

„Повлекувањето од боксот беше најтешката одлука во мојот живот. Боксот ми даде шанса да се извлечам од сиромаштија и да постигнам многу во животот“, изјави Пакјао.

Тој ја освои првата од 12-те светски титули во 1998 на 19-годишна возраст. Во кариерата оствари скор од 62 победи, осум порази и два ремија. Во политиката влезе во 2010, кога стана пратеник во долниот дом на филипинскиот конгрес.