Мерил Стрип, една од најзначајните и најнаградувани актерки во историјата на Холивуд, денеска полни 70. години.
Од дебито на филмското платно во „Џулија“ во 1976 година, Стрип собра рекордни 21 номинација за Оскар, почнувајќи со „Ловец на елени“ во 1979 и триумфираше трипати, а во својата колекција има и осум златни глобуси и три награди Еми.
„Некои велат дека сум најголемата актерка на светот, некои дека сум преценета, но етикетите не ми значат ништо. Она што ми значи е возбудата кога работам со интересни луѓе, само во такви моменти се чувствувам жива“, вели Стрип, која во кариерата изгубила само пет филмски улоги, вклучувајќи го „Кинг конг“, кога продуцентите рекле дека не е доволно убава.