МЕСИ СЕ ВРАТИ НА ТРЕНИНЗИТЕ НА БАРСЕЛОНА ПО НЕУСПЕШНИОТ ОБИД ЗА ТРАНСФЕР

Барселона, (Би-Би-Си)

Лео Меси денеска се врати на тренинзите на Барселона по неуспешниот обид да си замине од клубот.

Аргентинецот шокантно поднесе барање за трансфер на 25 август, но во петокот кажа дека ќе остане уште една сезона бидејќи е невозможно некој да ја плати откупната клаузула од 700 милиони евра. Тој денеска го имаше првиот тренинг со екипата под водство на новиот тренер Роналд Куман. Барселона ја почнува новата сезона со мечот со Вилјареал на 27 септември.

Меси не се појави на клупското тестирање за коронавирус на 30 август, откако се повика на клаузула од договорот која му дозволува да замине како слободен играч. Сепак, Барселона и шпанската лига заклучија дека клаузулата и натаму е валидна и дека тој може да си оди само ако некој клуб плати 700 милиони евра.