МОДЕЛИТЕ ЕВА ЈОВАНОВСКА И КАРОЛИНА ЈАНЧОВСКА ОСВОИЈА ТИТУЛИ ЗА УБАВИНА НА МИС ЕВРОПА ВО ЛИБАН

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Ева Јовановска (20) од Тетово и Каролина Јанчовска (21) од Скопје освоија титули на изборот за Мис Европа, што се одржа во Бејрут во Либан. Јовановска е прогласена за четврта придружничка, а Јанчовска ја доби наградата за Мис елеганција.

Новата Мис Европа е претставничката на Русија, првата придружничка доаѓа од Белорусија, а втората од Украина.

Каролина Јанчевска ја доби наградата за Мис елеганција

„Двете наши убавици се дел од модното студио ‘Црнокрак’, кое ја поседува лиценцата за овој избор кој традиционално се одржува во Бејрут. Во финалето, тие се претставија во креации на дизајнерката Елена Лука“, рече модниот менаџер Мики Црнокрак.