МОДЕЛОТ ЕМИЛИ РАТАЈКОВСКИ СЕ ОМАЖИ ВО КОСТИМ ОД 200 ДОЛАРИ

Њујорк, (Дејли мејл)

Една од најсексипилните жени на светот Емили Ратајковски ги изненади своите фанови на Инстаграм со објавата дека се омажила.

„Имам изненадување за вас. Се омажив денеска“, напиша 26-годишниот модел, постирајќи серија фотографии со својот новопечен сопруг, Себастијан Бер-Мекклард.

Ова доаѓа само два месеца откако Ратајковски се раздели од своето претходно момче, додека, истовремено, јавноста не беше многу запозната со нејзината врска со американскиот режисер, продуцент и актер. Двајцата за првпат биле видени заедно на кошаркарски натпревар во декември.

Венчавката се случила во Градската сала на Њујорк, при што Ратајковски носеше жолт костим од „Зара“, кој чини 200 долари и црн шешир.

Меѓу ретките гости на свечениот чин биле колегата-режисер на Бер-Мекклард, Џош Сефди и кучето на Ратајковски.