МОИТЕ МИСЛИ НЕМААТ ЦЕНА – ПЕЈАЧКАТА ЛАНА ДЕЛ РЕЈ ИЗДАДЕ КНИГА ОД 1 ДОЛАР

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Американската пејачка Лана дел Реј издаде поетска книга, која ќе се продава за еден долар. Таа на Инстаграм додаде дека е „многу возбудена што самата ја издала нејзината прва поетска книга“.

Кога еден обожавател ја прашал колку ќе чини, Дел Реј одговорила: „1 долар…, затоа што моите мисли немаат цена“.

Пејачката на Инстаграм веќе објави неколку поеми кои се дел од збирката, која за неколку месеци ќе се продава во продавници во јужна Калифорнија.

Таа објави и нова песна во јануари, но сѐ уште не е соопштен датумот кога ќе излезе нејзиниот петти албум.