„21 ВЕК“ ВЕЧЕРВА СО ПРВ ГОЛЕМ САМОСТОЕН КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

По три објавени студиски албуми, групата „21 век“ ќе го одржи својот прв голем самостоен концерт во Скопје. Тој ќе се случи вечерва во Младински културен центар, со почеток во 21 часот, а како гости се најавени домашните бендови „Вагина корпорација“, „Ред 18“ и „Мариналеда“.

Триото „21 век“ е предводено од Васко Атанасоски, еден од најактивните и највлијателни музичари на македонската инди рок сцена во последните 25 години, кој го формираше бендот пред пет години, набргу по згаснувањето на неговиот претходен успешен проект „Бернајс пропаганда“. Покрај него, во групата членуваат и басистот Раде Јордановски и тапанарот Дени Крстев.

(Фото: Фејсбук)