Африканската музичка дива Фатумата Дијавара се враќа со нов настап во Македонија, овојпат како една од ѕвездите на 14. издание на Д фестивал, што ќе се одржи на крајот на јуни.
Дијавара го негува богатото музичко наследство на Мали и воопшто Африка, а нејзиниот спектакуларен деби албум „Fatou“ (2011) ја лансираше во една од најатрактивните и највозбудливи нови ѕвезди на африканската музичка сцена. За вториот албум „Fenfo“ доби две номинации за Греми во 2019.
Позната по својот сензуален глас. Дијавара првенствено пее на бамбара, кој е националниот јазик во Мали.