АКТЕРОТ ЈОВИЦА МИХАЈЛОВСКИ СО НОВА ВЕРЗИЈА НА „КИРИЛИЦА“ ОД ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Актерот Јовица Михајловски сними нова верзија на хитот „Кирилица“ од Влатко Стефановски, специјално за настанот „Боцкаме на Кирилица“, што сајтот „Трн“ го организираше во КЦ „Бруталиск“ во Скопје по повод Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј.

Текстот и музиката на песната ги напиша Стефановски, а идејата и концептот на преработката се на Михајловски.

Во снимањето на песната учествуваа и Бранко Тасевски на виолина, Христијан Пазаркоски на хармоника, Климент Петрески на гитара и Јован Пазаркоски на контрабас.

За песната е снимен и спот, што според концептот на Михајловски го режираше Дениз Абдула, во продукција на редакцијата на „Трн“.