АЛБУМОТ НА СКОПСКИОТ БЕНД „НЕКРОЈАГОТКИ“ ДОБИ ВИНИЛНО ИЗДАНИЕ 32 ГОДИНИ ОТКАКО БИЛ СНИМЕН НА КАСЕТА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Повеќе од 30 години откако бил снимен во домашни услови, албумот „Мајчице вештице“ на опскурниот скопски бенд „Некројаготки“ доби нов живот во вид на винилно издание. Плочата ќе биде промовирана вечерва (28 август) од 20 часот во скопскиот бар „Ла Кања“ во Старата чаршија.

Некројаготки“ бил музички проект на Смилен Димитров (гитара, бас гитара, вокал, флејта, харфа), кој подоцна се прослави како член на хип-хоп групата „САФ“ и Филип Митров (тапани, вокал, флејта).

Од „Мајчице вештице“ биле направени само неколку примероци на касета откако бил снимен во оскудни домашни услови во 1992 година, додека плочата ќе има тираж од 300 копии.