АЛЕКСАНДРА РАДОВИЌ СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ ВО АПРИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)
Српската поп-пејачка Александра Радовиќ на 6 април ќе одржи концерт во Скопје, во Филхармонијата од 20 часот.
Радовиќ важи за еден од најквалитетните женски поп-вокали во регионот, а автор и продуцент на повеќето од нејзините песни е Дарко Димитров.
Радовиќ ја започна музичката кариера во 2003 на фестивалот „Сунчане скале“ во Херцег Нови со песната „Како сол во морето“ (Као со у мору), која и денес e еден од нејзините најголеми хитови. Има снимено пет албуми, а има и свое школо за пеење.
Концертот во Скопје го организира продукцијата „Прагма“.