Американската виолинистка Елиша Силверстин ќе биде солистка на вечерашниот концерт на Филхармонијата (20 часот), прв во новата година. Со концертот насловен „Галантна Индија“ ќе диригира Габриел Бебешелеа, а како гостин ќе настапи и српскиот чембалист Предраг Госта.
На репертоарот ќе бидат дела од двајца барокни француски композитори: Жан Филип Рамо и Филип Болоњ, попознат како Шевалие де Сен-Жорж, кого музичките историчари го нарекуваат црниот Моцарт.
Во најавата на концертот, Филхармонијата ја опишува Силверстин како една од највпечатливите американски виолинистки од помладата генерација, чија пасија е изведувањето на барокната музика.