АМЕРИКАНСКИОТ МУЗИЧАР АЛВИН ЈАНГБЛАД ХАРТ НАЈАВЕН КАКО ГЛАВНАТА ЅВЕЗДА НА ПЕТТИОТ КОТОН БЛУЗ ФЕСТИВАЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Американскиот музичар Алвин Јангблад Харт е најавен како главната ѕвезда на петтото издание на Котон блуз фестивал, што ќе се одржи на 28 ноември во салата на културно-едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје.

Шеесет и едногодишниот Харт ја доби наградата Греми за работата на албумот „Beautiful Dreamer“ во 2005, а покрај гитара, свири и бенџо и мандолина. Тој се смета за еден од најзначајните изведувачи на кантри блузот на својата генерација.

Првиот албум го објави во 1996 и денес настапува соло или со својот бенд.

Од фестивалот велат дека наскоро ќе објават детали за останатите учесници на своето јубилејно издание.