„АРЕА“ СО ВТОР АКУСТИЧЕН КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 20 АПРИЛ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Рок-групата „Ареа“ ќе одржи и втор акустичен концерт во Скопје, на 20 април од 20 часот во салата на Филхармонијата, откако се распродаде првиот на 19 април, објави продукијата „Фреш јунион“.

Ружица Милошевска-Брчиоска, пејачката во бендот, рече дека таа и колегите се возбудени пред дружењето со скопската публика.

„Сигурна сум дека и овој концерт за нас ќе биде едно возбудливо задоволство и уште сега го чувствувам позитивниот ‘фидбек’ од скопската публика, која секогаш од срце нѐ прифаќа. Овојпат, ќе настапиме во проширен состав, со гудачки квартет“, кажа Милошевска-Брчиоска.

Во 2022, гостиварската група го издаде албумот „Љубов е” и досега имаше повеќе концертни настапи низ Македонија.