АВСТРИСКАТА ТРУБАЧКА СЕЛИНА ОТ ЌЕ ГОСТУВА НА КОНЦЕРТ НА ФИЛХАРМОНИЈАТА НА 27 ФЕВРУАРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Фанфари за еден пријател“ е насловен концертот што ќе се одржи на 17 февруари од 20 часот во Филхармонијата. Како солистка ќе настапи трубачката Селина От од Австрија, а диригент е маестро Јерухам Шаровски од Израел.

На програмата се два концерта за труба и оркестар од Томази и Хајдн и Симфонијата бр. 2 од Брамс.

Селина От ја доби наградата Opus Klassik во 2021 за нејзиниот дебитантски албум „Концерти за труба“. Како прва жена во 70-годишната историја на Меѓународното музичко натпреварување на АРД, От во 2018 ја освоила првата награда во категоријата труба на 20 години.