„БАЛКАНСКО ПАТУВАЊЕ“, КОНЦЕРТ НА КВАРТЕТОТ НА ПЛАМЕНКА ТРАЈКОВСКА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Пламенка Трајковска со својот гудачки квартет ќе одржи концерт со наслов „Балканско патување“ на 21 ноември од 20 часот во Музејот на македонската борба. Концертот е во рамките на Есенски музички свечености.

На концертот настапуваат: Пламенка Трајковска на виолина, Милена Гиевска-Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело. Аранжманите за гудачки квартет ги подготви Трајковска.

Концертот „Балканско патување“ е музичко-истражувачки проект во кој се откриваат заедничките музички корени на балканските простори.