Првото издание на фестивалот Урбан леџендс (Urban LegendS) посветен на хип-хоп културата ќе се одржи вечерва (21 декември) во „Лабораториум“ во Скопје. Како главни ѕвезди се најавени „Бед копи“ од Србија (фото), големо име на балканската хип-хоп сцена, кои ќе ги придружуваат Гоце САФ и Страјк.
Настанот е замислен како завршница на првата година од работата на „44 ЕвентМК“, кој летово го организираше фестивалот „Скопје се лади” со „С.А.Р.С.“, Тајзи и „Брас брадрс“.
(Фото: Фејсбук)